Почина Зоран Маџиров, виртуозот на свирење на шишиња

На 49-годишна возраст, на 09 мај 2017 година, почина Зоран Маџиров, македонскиот и светски музичар и виртуозен перкусионист. Маџиров на 7 октомври 2016 година беше тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случи на патот Радовиш – Струмица, откако со својот автомобил се судрил со камион-влекач. По несреќата беше згрижен во Клиничкиот центар во Скопје и се наоѓаше во коматозна состојба.
Зоран Маџиров е роден на 14 јануари 1968 година во Струмица. Пораснал во музичкото семејство и првото знаење за џез-тапаните ги добил од својот татко. Потоа започал да учи пијано, труби и удиралки. Заминува за Германија, каде што студиите по музика ги продолжил во Минхен и на Универзитетот во Келн. Во Европа настапувал заедно со триото „Les Barons Karamazoff“, со кое реализирал два проекта: „Historical recordings“ и „Pytagorean glasess and lute“.

Го револуционизирал концептот на соло-перкусионист, свирејќи ги делата на класични композитори, од калибарот на Игор Стравински и на Моцарт. Со триото „Les Barons Karamazoff“ настапил на Скопскиот фестивал 2000 година, каде ја воодушевил домашната публика со своето виртуозно свирење на шишиња, чаши и останати необични инструменти.
Маџиров настапувал на сите познати светски телевизии и медиуми, како Си-Ен-Ен, Фокс, Еј-Би-Си, АРД, Зе-Де-Еф, ТВ5, РАИ, а значајни се и неговите настапи на Олимписките игри во Барселона и Атланта, на Експо во Севиља и во Еуро Дизни во Париз

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*