Одбележана 72-годишнината од пробивањето на Сремскиот фронт

Денеска беше одбележана 72-годишнината од пробивањето на Сремскиот фронт со пригодна свеченост која што се одржа пред Споменикот на револуцијата во градскиот парк. На одбележувањето присуствуваа и свежо цвеќе положија вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов и претседателот на Советот, Јосиф Христов. За значењето на Сремскиот фронт зборуваше Соња Чурлинова, претседател на Општинскиот одбор на Сојузот на борците на Македонија од НОАВМ и граѓани продолжувачи, а членовите на рецитаторската секција при домот за деца и млади „Благој Мучето“ рецитираа револуционерна поезија. Во знак на почит кон загинатите борци, свежо цвеќе положија и претставници на Општинскиот одбор на борците, политички партии, здруженија на граѓани, училишта и јавни институции.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*